Почетна ПопуларноСДСМ го охрабрува Мицкоски да остане на ставот за прифаќање на уставните измени

СДСМ го охрабрува Мицкоски да остане на ставот за прифаќање на уставните измени

од nenad
1 минути читај за

СДСМ преку соопштение го охрабрува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да остане на ставот за прифаќање уставни измени за, како што велат, доброто на земјата.

-Минатата среда целата македонска јавност го слушна Мицкоски како вели дека се согласува со предлогот на претседателот Ковачевски за уставни измени и учество во заедничка Влада, под одредени услови. Сега не е време за политички калкулации и мерење на партиските и личните рејтинзи, сега е време на одговорност, пред сопствените граѓани, пред иднината на државата, истакнуваат од владеачката партија.

Од „Бихаќка“ нагласуваат дека не треба да се пропушти оваа шанса.

-Сега треба дијалогот да продолжи се до заокружување на процесот и обезбедување на европската иднина на државата, стои во партиското соопштение.

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска

Вчера од делегацијата на ЕУ во Скопје потсетија дека се јасни заклучоците на Советот на ЕУ од јули 2022 година во однос на уставните измени и свикувањето на Втората меѓувладина конференција.

.