Почетна МакедонијаТОВАРНО ВОЗИЛО ГО ПРОБИЛО МОСТОТ КАЈ ЗЕЛЕНИКОВО-ТАОР: Од ЦУК велат дека нема жртви

ТОВАРНО ВОЗИЛО ГО ПРОБИЛО МОСТОТ КАЈ ЗЕЛЕНИКОВО-ТАОР: Од ЦУК велат дека нема жртви

од nenad
1 минути читај за

Екипата на ЈП за одржување на магистралните и регионалните патни правци во моментот се на терен, вршат увид и постапуваат соодветно нивните надлежности. Инаку, за сега, според информациите од терен, нема жртви при настанот, соопштија од ЦУК велејќи дека мостот е соодветно одбележан по несреќата.

Секторот за операции и координација (СОК) на ЦУК, денеска информира дека околу 18:00 часот товарно возило, движејќи се на регионалниот патен правец село Зелениково – село Таор, изгубило контрола ја пробило оградата и паднало во реката Вардар.

Градоначалникот на Општина Зелениково, Коста Маневски, со своите соработници веднаш излегле на терен и направиле соодветно одбележување на оштетениот мост што претставува потенцијална опасност за движење на возилата и пешаците коишто поминуваат по него.

Leave a Comment