Почетна МакедонијаТолку беше Курти ќе го гледа Вашингтон само на разгледница – санкции од САД за косовските власти

Толку беше Курти ќе го гледа Вашингтон само на разгледница – санкции од САД за косовските власти

од nenad
1 минути читај за

Според неофицијални информации, САД ги забраниле средбите и посетите на претставниците на Приштина во Америка.

Косово беше исфрлено и од големите воени вежби кои НАТО ги одржа на Балканот.

– За Косово овие вежби се завршени – изјави американскиот дипломат Џефри Ховениер, наведувајќи дека владата во Приштина ги игнорирала американските повици за деескалација на ситуацијата во општините на северот на Косово.

Американскиот амбасадор во Приштина Џефри Ховениер претходно изјави дека САД имаат две барања од т.н. Влада на Косово – да не инсистира градоначалниците да работат од општинските згради и полицајците да се повлечат од три општински згради на север.

– Морам да кажам дека во овој момент САД немаат голем ентузијазам да реагираат на некои интереси на Косово, како ангажман со непризнаени земји или активна работа на подобрување на Косово на евроатлантскиот пат. Многу ни е жал што ситуацијата дојде до ова, но морам да бидам искрен, таква е ситуацијата. Се надеваме дека премиерот Курти ќе ги послуша нашите совети и ќе преземе итни чекори за тоa, вели тој.