Актерот и продуцентот Мима Караџиќ вчера наполни 68 години, а своите следбеници на социјалните мрежи ги изненади со фотографија.
Мима во друштво на најблиските пријатели и колеги го прослави роденденот, а своите следбеници ги почести со фотографија на која позира гол до појас.
„Од вчера на полноќ, многу познати и непознати и секакви новини и на Инстаграм ми честитаат роденден. За малку ќе помислев дека сум важна личност. Сепак, не знам дали не сум, но на сите кои се сетија, ОГРОМНО благодарам“ – напишал Мима.
Она што привлекло внимание на корисниците на социјалните мрежи е неговиот физички изглед, иако нема извајани мускули, луѓето коментираат дека тој добро се држи и дека и понатаму привлечен за припадничките на понежниот пол.
Поврзани објави
„Брус Ли на залесот од кариерата“, „Драги Мима, добро се држиш“, „Само малку градите да ги работиш и ќе бидеш машина“ – се само некои од коментарите.
Погледнете: