Почетна Свет(Видео) ХАВАРИЈА ВО ХАМБУРГ: Во голем пожар истекоа отровни хемикали, издадено предупредување до жителите

(Видео) ХАВАРИЈА ВО ХАМБУРГ: Во голем пожар истекоа отровни хемикали, издадено предупредување до жителите

од nenad
1 минути читај за

Голем пожар на постојка за камиони избувна утрово околу 4:30 часот во Хамбург. Полицијата ги предупреди жителите дека во правец на градот се шири силен чад, а на местото на пожарот наводно истекува водород сулфид.

Целата станица досега е изгорена, јавуваат германските медиуми. Пожарникарите на местото на пожарот можат да пристапат само со маски, а во околината сѐ уште одекнуваат детонации, пренесува Index.hr.

Пожарникарите испратија официјално соопштение до граѓаните во населбата Ротенбургсорт да ги затворат прозорците и вратите поради чад и хемиски соединенија во воздухот.

Затворен е и патот околу градот во двата правци за да можат пожарникарите да бидат поефикасни во гаснењето на пожарот, а се воспоставени и алтернативни правци. Пожарникарите ги предупредија жителите да ја избегнуваат областа зафатена од пожарот.

„Ќе ве известиме кога ќе помине опасноста. Следете ги упатствата на службите за итни случаи. Ве молиме известете ги и вашите соседи, особено оние на кои можеби ќе им треба помош поради инвалидитет, јазични бариери или намалена подвижност“, велат тие.