Уживајте во богатата посна Шварцвалд торта која се состои од чоколадни кори и сочен фил
Сочни кори, богат чоколаден фил и киселкави вишни – оваа посна Шварцвалд торта е одличен избор за славска или празнична трпеза. Џемот од кајсија им дава сочност на корите, а секоја од нив дополнително се попрскува со сок од вишни.
Состојки:
За корите:
- 3 чаши вода
- 2 чаши шеќер
- 1 лажиче сода бикарбона
- 20 полни лажици брашно
- 4 лажици какао во прав
- 2 штангли рендано посно чоколадо
- 1 лажица посни мелени бисквити
- 8 лажици масло
- 6 лажици џем од кајсија
За филот:
- 1 л растителна слатка павлака
- 300 г посно чоколадо
- 250 г посен маргарин
- 200 г шеќер во прав
- 400 г вишни
Поврзани објави
За глазурата и за украсување:
- 150 г посно чоколадо
- 4 лажици масло
- 100 г посен шлаг
Приготвување:
Испечете четири кори. Сите состојки за корите соединете ги со миксер, па поделете ја смесата на четири еднакви дела. Обложете калап со пречник од 26 см со хартија за печење. Секоја кора печете ја посебно во рерна загреана на 220 степени, 8-10 минути. Печените кори оставете ги да се ладат.
Пригответе го чоколадниот фил. Загрејте 500 мл слатка павлака, додајте здробено чоколадо и мешајте додека се стопи. Оставете ја смесата да се олади. Посебно изматете маргарин со шеќер во права, па соединете го со оладената чоколадна смеса. Преостанатите 500 мл слатка павлака изматете ги посебно. Исцедете ги вишните и сочувајте го сокот за корите.
Составете ја тортата. На чинија ставете обрач од калап, па ставете ја првата кора. Попрскајте ја со малку сок од вишни, премачакајте ја со чоколаден фил, распоредете дел од вишните и преку нив нанесете слој изматена растителна павлака. Повторете ја постапката со втората и третата кора. Завршете со четвртата кора и оставете ја тортата во фрижидер добро да се олади и стегне.
Прелејте ја тортата со глазура. Стопете посно чоколадо, додајте масло и распоредете ја глазурата по врвот на оладената торта. Извадете го обрачот, па премачкајте ги страните со изматен посен шлаг.