Почетна Убавина и здравјеЛошо спиете? Можеби ви недостига еден важен витамин – Убавина и здравје

Лошо спиете? Можеби ви недостига еден важен витамин – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Недоволното количество витамин Д во организмот може да биде поврзано со пократок сон и почести будења во текот на ноќта, особено кај лицата на средна и повозрасна возраст.

Ако имате проблеми со спиењето, причината можеби не е само стресот или секојдневните обврски. Ново истражување покажува дека ниското ниво на витамин Д може да биде поврзано со пократко спиење и почести ноќни будења.

Студијата, спроведена од Школата за јавно здравје „Џонс Хопкинс Блумберг“ и Националниот институт за стареење во САД, опфатила 460 возрасни лица постари од 40 години, со просечна возраст од 71 година.

Научниците анализирале примероци од крв и податоци за спиењето, при што користеле и посебни сензори за движење, слични на паметните часовници, кои прецизно ги следат периодите на спиење и будност.


Поврзани објави

Резултатите покажале дека лицата со највисоко ниво на витамин Д спиеле речиси 20 минути подолго од оние со најниски вредности. Кај учесниците со недостиг на овој витамин било забележано и подолго останување будни по будењето во текот на ноќта. Поврзаноста била особено изразена кај црните учесници во истражувањето, кај кои недостигот на витамин Д и проблемите со спиењето се почести.

Сепак, истражувачите предупредуваат дека резултатите не докажуваат дека недостигот на витамин Д директно предизвикува нарушувања на спиењето. Исто така, не е утврдено дали земањето додатоци во исхраната може да го реши проблемот.

Наодите, објавени во научното списание „The Journals of Gerontology: Medical Sciences“, отвораат простор за дополнителни истражувања за улогата на витаминот Д во квалитетот на сонот.

Фото: pexels