Во 2027 година граѓаните ќе имаат десет државни неработни денови, а календарот носи и пет можности за продолжен викенд. Првиот подолг одмор ќе биде веднаш на почетокот на годината, за Нова година, а последниот во октомври, по повод Денот на народното востание.
До крајот на 2026 година останува уште еден неработен ден за сите граѓани – 8 декември, кога се одбележува празникот Свети Климент Охридски.
Следната година, според календарот на државни празници, неработни за сите ќе бидат 1 јануари (Нова година), 7 јануари (Божик), 9 март (Рамазан Бајрам), 3 мај (Велигден), 24 мај (Св. Кирил и Методиј), 2 август (Илинден), 8 септември (Ден на независноста), 11 октомври (Ден на народното востание), 23 октомври (Ден на македонската револуционерна борба) и 8 декември (Св. Климент Охридски).
Можност за спојување на празниците со викендите ќе има во пет периоди: од 1 до 3 јануари, од 30 април до 3 мај, од 22 до 24 мај, од 31 јули до 2 август и од 9 до 11 октомври.
Покрај овие датуми, предвидени се и посебни неработни денови за припадниците на верските и етничките заедници, меѓу кои Бадник, Водици, католичкиот Велигден и Божик, Курбан Бајрам, Свети Сава, Денот на албанската азбука, Меѓународниот ден на Ромите, Националниот ден на Власите и други празници.
Граѓаните кои планираат одмори и патувања во 2027 година ќе можат однапред да ги искористат овие датуми за организирање подолги викенди.