Почетна Убавина и здравјеПотоа, на студентите им кажал мудрост што вечно ќе ја паметат – Убавина и здравје

Потоа, на студентите им кажал мудрост што вечно ќе ја паметат – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Што е човечност и зошто нема ништо без неа во животот

Еден ден, професор на катедрата за физика и математика, со намера да им одржи лекција на студентите што ќе ја паметат цел живот, напишал огромна единица на таблата и, гледајќи ги студентите, објаснил:

„Ова е вашата човечност – најважниот квалитет во животот.“

Потоа, напишал 0 покрај бројот 1 и рекол:

„А ова се вашите достигнувања кои, во комбинација со човечноста, ја зголемуваат вашата вредност за десет пати повеќе.“


Поврзани објави

Уште една 0 – искуството, со кое човекот станува „100“. И така, додавал 0 по 0 – внимание, љубов, успех…

„Секоја додадена нула го облагодорува човекот десеткратно“, рекол професорот.

Одеднаш го избришал бројот 1 на почетокот од низата броеви. Таблата останала со безвредни, бесмислени нули…

Професорот продолжил:

„Ако немате човечност, сè друго не вреди ништо“.