Почетна Економија22 Ноември – Денот на албанската азбука, историски датум за јазикот и идентитетот

22 Ноември – Денот на албанската азбука, историски датум за јазикот и идентитетот

од nenad
1 минути читај за

Денеска, 22 ноември, се одбележува Денот на албанската азбука, празник посветен на еден од најзначајните историски настани за албанскиот народ – Битолскиот конгрес од 1908 година, на кој биле поставени темелите за стандардизирање на албанското писмо.

По тој повод, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, упати честитка, нагласувајќи го значењето на јазикот како носител на историјата, културата и националниот идентитет.

Во своето обраќање, Гаши посочи дека Битола пред повеќе од еден век станала место на кое албанските преродбеници се обединиле околу заедничката цел – создавање единствена азбука што ќе овозможи развој на образованието, писменоста и културниот живот.

Според него, одлуките донесени на Конгресот не претставувале само јазична реформа, туку и значаен чин на единство и одговорност кон идните генерации.

Гаши нагласи дека албанскиот јазик има посебно место во зачувувањето на идентитетот на народот, но и дека во Северна Македонија претставува важен мост за комуникација, меѓусебно разбирање и соживот.

Како претседател на Собранието, тој истакна дека одбележувањето на овој ден е можност да се потврди заедничката обврска за почитување на јазичните и културните права, еднаквоста, правичната застапеност и обезбедувањето еднакви можности за сите граѓани.

„Нека 22 Ноември ни послужи како потсетник дека почитувањето на јазикот и идентитетот на едни со други е темел на единството и на нашата заедничка иднина“, порача Гаши.

Тој упати честитки до сите припадници на албанската заедница, посакувајќи им среќен Ден на албанската азбука.