Ако сакате сочно свинско печење со компири, важно е да го изберете вистинското парче месо. Професионалните готвачи предупредуваат дека еден популарен дел од свинското лесно се суши во рерна.
Тајната на совршеното свинско печење не е само во зачините и температурата на печење, туку и во изборот на месото. Доколку при купувањето секогаш го барате најчистото парче, со што помалку маснотии, можеби правите грешка што подоцна ќе влијае врз вкусот и сочноста на оброкот.
Еден од деловите на свинското месо што може да биде особено проблематичен за подготовка во рерна е свинскиот бут.
Поради релативно малата количина маснотии, ова месо лесно се суши при подолго печење. На тоа предупредува и познатиот британски готвач Џејми Оливер, а слично мислење има и наградуваниот шкотски готвач Џејмс Фергусон.
Фергусон за британски „Гардијан“ објаснил дека свинскиот бут, за разлика од некои други делови, нема доволно сврзно ткиво и површинска маснотија. Поради тоа, при долготрајна термичка обработка може да стане сув и помалку сочен.
Токму затоа тој претпочита овој дел од месото да го сече на шницли и да го подготвува на тој начин, наместо да го пече цело парче во рерна.
Поврзани објави
Кој дел е подобар избор за печење?
Ако сакате сочно месо од рерна, многу подобар избор е свинската плешка. Таа има маснотија распоредена низ мускулното ткиво, која при печењето постепено се топи, додека сврзното ткиво омекнува. Резултатот е помеко и посочно месо.
Одлична алтернатива е и свинскиот стомак, особено за оние што сакаат месо со крцкава кожа и богат вкус.
Затоа, следниот пат кога ќе одите во месарница за да подготвите свинско печење, не избирајте автоматски парче со најмалку маснотии. Токму маснотијата може да биде клучната состојка за месото да остане сочно, меко и вкусно.
Фото: pexels