На полиграф во поткаст, Михајловски се соочи со директно прашање од водителот за односот со својот колега актер Антонио, но наместо одговор, реши да ја прекине темата.
Александар Михајловски се најде во незгодна ситуација за време на полиграфското испрашување, откако водителот му постави лично прашање поврзано со неговиот колега актер Антонио Ташковски.
Дали ти и Антонио некогаш сте биле интимни?“, гласеше директното прашање на водителот.
Михајловски не сакаше да одговори, туку кратко порача дека не би можел да даде одговор на тоа прашање. Очигледно изненаден од насоката во која се движи разговорот, тој дополнително реагираше дека ситуацијата не е смешна.
Немој да си го замислуваш тоа во глава“, му порача Михајловски на водителот, на што тој одговори дека не се обидува да го замисли тоа.
Поврзани објави
Сепак, актерот продолжи со реакциите и му порача дека таквата замисла изгледа „ружно“, додавајќи:
Верувај ми“.
Иако прашањето предизвика видлива смеа во разговорот, во овој дел од испрашувањето Михајловски не даде конкретен одговор на прашањето за евентуална интимност со својот колегата.
printskrin youtube