Бојан Јовановски, познат како Боки 13, повторно привлече внимание на социјалните мрежи со мистериозна објава во која откри дека две познати српски пејачки го блокирале. По Цеца Ражнатовиќ, на неговата листа се нашла и Јелена Карлеуша, а неговата реакција не остана незабележана.
Македонскиот шоумен објави стори на Инстаграм со црна заднина, во кое ги спомена Цеца и Карлеуша, тврдејќи дека и двете го блокирале на социјалните мрежи.
Прво ме блокираше Цеца, а сега и Јеца. Фуууј! Оксиморон“, напиша Боки 13, додека во позадина се слушаше песната „Другарице лажљивице“ на Цеца Ражнатовиќ.
Но тука не заврши неговата реакција. Набргу објави и втора порака, со која дополнително ја разгоре љубопитноста на следбениците.
Освен што е ужасно шокантно и одвратно, сепак… Ќе биде интересно…“, порача тој.
Поврзани објави
Засега Боки 13 не откри што точно се крие зад најавата дека „ќе биде интересно“, ниту дали станува збор за најава на нова јавна расправија. Неговите објави, сепак, отворија простор за шпекулации за можен нов конфликт со Карлеуша.
Фото и видео: Инстаграм