Конечно го сретнавте момчето за кое сте сигурни дека ќе го паметите до крајот на животот. Си одговарате еден со друг, веќе не сте срамежливи, си ги споделувате личните надежи, желби и верувања. Едноставно се чувствувате блиски. Но дали тој е вистинскиот за тебе? Што треба да очекувате од момчето за сериозна врска? Што го прави поразличен од другите? Кои квалитети и карактеристики треба да ги поседува? Чесност, искреност, емпатија, љубезност?
Секако треба да биде личност која умее да го слуша соговорникот, а и да сака да ги сподели своите мисли и чувства. Треба и да уживате во заедничките нешта како: филмови, кучиња, скијање… Но за да откриете дали е тој вистинскиот за тебе, потребно е внимателно да забележите некои детали кај него.
Овие навидум мали нешта покажуваат всушност за каква личност се работи:
- Одите во ресторан. Како тој се однесува кон келнерот/келнерката и останатиот персонал? Дали е фин кон нив или тие за него се „невидливи“?
- Влегуваш во неговиот автомобил. Дали тој (барем на почетокот) оди од надвор до совозачкото седиште, за да ти ја отвори вратата и потоа седнува да вози?
- Доаѓа момент да разговарате за неговата поранешна девојка. Како реагира тој на тоа? Дали ви се чини дека ја одбегнува темата или дека сѐ уште има чувства кон неа?
- Каков е кога е лут? Без оглед на причината, дали има експлозивен темперамент, треска предмети од земја или ги крши, или уште пострашно, дали ви се обраќа со деградирачки тон?
- Дали ве уценува? Слушате ли фрази како „Ако навистина ме сакаш, ќе дојдеш на фудбал со мене“
- Дали ви врши притисок за да имате секс? Не е важно што не сте расположени или уморни – важно е дека тој е напален и инсистира да имате секс.
- Дали постојано се врти кога покрај вас ќе помине згодна девојка?