Foto: Transport Community
Директорот на Постојаниот секретаријат на Транспортната заедница, Талис Линкаитс, одржа средба со Александар Николоски, заменик-претседател на Владата и министер за транспорт на Македонија, на која разговараа за транспортните реформи и приоритетите за регионално поврзување.
Разговорите беа фокусирани на транспонирањето на транспортните правила на ЕУ, што претставува клучен чекор кон поблиска интеграција на Македонија во транспортниот пазар на Европската Унија.
На средбата беше разговарано и за напредокот во операционализацијата на Трансевропската транспортна мрежа (TEN-T), со посебен акцент на модернизацијата на Коридорите VIII и X и нивните железнички врски. Развојот на овие инфраструктурни врски е од суштинско значење за зајакнување на регионалната поврзаност и унапредување на транспортот за граѓаните и бизнисите.
Линкаитс и Николоски разговараа и за поддршката што Транспортната заедница им ја обезбедува на институциите на Северна Македонија, особено преку техничка помош, размена на експертиза и активности за зајакнување на институционалните капацитети.
Транспортната заедница ќе продолжи да ја поддржува Македонија во спроведувањето на транспортните реформи, усогласувањето со стандардите на ЕУ и зајакнувањето на поврзаноста со регионот и Европската Унија.
Post Views: 46