Министерот за внатрешни работи, Ервин Демо, ја потпиша наредбата за намалување на цените за издавање пасоши и лични карти за одредени категории граѓани во Албанија. Мерката ќе стапи во сила на 1 јануари 2027 година.
Од оваа мерка ќе имаат корист децата под 16 години, лицата со попреченост и граѓаните постари од 65 години.
Конкретно:
- Деца под 16 години: Цената за пасош се намалува од 7.500 на 6.000 леки.
- Лица со попреченост: Личната карта ќе чини 1.000 леки, наместо досегашните 1.500 леки, додека пасошот ќе чини 6.000 леки.
- Граѓани над 65 години: Цената за лична карта се намалува од 1.500 на 1.000 леки.
Министерот Демо изјави дека оваа одлука е дел од заложбите за намалување на трошоците за граѓаните и подобрување на јавните услуги.
„За многу семејства, секој трошок е важен. Затоа наша должност е да им го олесниме пристапот до јавните услуги. Но, сакам да бидам јасен: граѓаните треба да плаќаат помалку и да добиваат подобри услуги!“, изјави Демо.
Тој нагласи дека намалувањето на цените е дел од поширока заложба за побрзи услуги, помалку бирократија и поголема грижа за граѓаните.
„Помалку трошоци, помалку чекање и повеќе почит кон граѓаните!“, порача министерот.
Post Views: 114
Извор : vesnik-ilinden.com
Албанија: Од 1 јануари се намалуваат цените за лични документи за одредени категории граѓани