Познатиот пејач Саша Ковачевиќ и неговата партнерка Зорана Тасовац станаа родители на своето прво заедничко дете — добија здраво машко бебе, пренесува српски „Блиц“.
Среќната вест доаѓа откако пејачот неодамна јавно откри дека со нетрпение ја чека приновата и дека планира лично да присуствува на породувањето, истакнувајќи дека долго време работеле на тоа и дека чувството сè уште му е нереално.
Поврзани објави
„Сакам да бидам таму, и како поддршка, но и да ги почувствувам убавините на татковството уште од првата секунда кога ќе дојде на свет.
Размислувавме да ни биде многу блиску. Никогаш не се знае, не дај Боже, контракциите може да почнат пред породувањето. Од логистички аспект, овде сè е многу поблиску. Верувам дека сè ќе биде како што треба“.
Засега сè уште не е официјално соопштено името кое среќниот пар го одбрал за својот син, но радосните вести веднаш ги воодушевија нивните фанови и домашната јавност.