Водителката и некогашниот симбол на шармот, Сузана Манчиќ, без воздржување откри детали за тоа како ја загубила невиноста на 16 години и за силните чувства што ја воделе во тој период.
Сузана признала дека тој момент ѝ останал во убаво сеќавање и дека првото сексуално искуство го имала со момче во кое била вљубена до уши.
Тогаш завршувате еден живот и започнувате друг. Мојот прв пат беше прекрасен, а невиноста ја загубив на 16 години. Бев толку вљубена во тоа момче што сакав да му се препуштам само нему. Во тоа време долната возрасна граница беше 16 години и морам да кажам дека едвај чекав да наполнам толку за да можам да уживам со него“, се присети Сузана Манчиќ.
Познато е дека нејзиниот животен пат го одбележало и посмелото позирање за машко списание, што своевремено предизвикало вистинска бура во јавноста, но и во нејзиното семејство.
Поврзани објави
Тоа беше страшен скандал за моите дома. Сопругот не ми зборуваше пет дена. Уште претходно ми беше рекол дека ќе се разведе од мене ако се случи такво нешто. Бевме на летување кога излезе изданието и ѝ се јавив на мајка ми за да испрати роднина да го купи. Мајка ми се шокира, бидејќи никому не му бев кажала за тоа. Потоа ми се јави и ми рече: ‘Лилице, се гордеам со тебе’. Нејзината поддршка отсекогаш ми била најважна“, изјави таа.
Фото: Инстаграм