Почетна Убавина и здравјеПораснаа момчињата на поранешниот кошаркарски ас, а тој има само една порака за нив – Убавина и здравје

Пораснаа момчињата на поранешниот кошаркарски ас, а тој има само една порака за нив – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Перо Антиќ сподели фотографија што открива една поинаква, семејна страна на поранешниот кошаркарски ас. На неа позира со своите три сина – Лука, Павел и Петар, кои веќе се големи момчиња.

„Мое сè“, напишал Антиќ покрај фотографијата објавена на Инстаграм, јасно покажувајќи колку му значат неговите најблиски.

Тројцата синови ги има од бракот со Ружица Максимовска, кој заврши во 2019 година по 13 години заеднички живот. Иако момчињата растат и имаат свои интереси, Перо во повеќе наврати јавно покажал колку е горд на нив и колку ја цени нивната блискост.

Во едно неодамнешно интервју тој откри дека секој од синовите има свој пат: најстариот Лука се откажал од кошарката и се насочил кон други интереси, Павел продолжува со кошарка, додека најмалиот Петар тренира фудбал.


Поврзани објави

Антиќ не крие дека е нивна голема поддршка, но и татко што знае гласно да навива од трибините. А фотографијата со трите момчиња уште еднаш потврдува дека, покрај сите спортски успеси и титули, најголемата гордост му е семејството.

Фото: Инстаграм