Почетна СветМисајловски на средба со Холовнија: Поддршка на Полска за европската интеграција на земјите од Западен Балкан

Мисајловски на средба со Холовнија: Поддршка на Полска за европската интеграција на земјите од Западен Балкан

од nenad
1 минути читај за

Фото: Министерство за одбрана

Министерот за одбрана на Македонија, Владо Мисајловски денеска оствари средба со потпретседателот на полскиот Сејм, Шимон Холовнија, кој ја предводи полската делегација во рамки на официјалната посета на Македонија.

Партнерството со Полска, како наш сојузник во НАТО е значајна основа за унапредување на одбранбената соработка и зајакнување на колективната безбедност. Заедничките заложби и посветеноста на евроатлантските вредности придонесуваат за стабилноста и безбедноста на сојузниците.

На средбата разговаравме за поддршката на Полска за европската интеграција на земјите од Западен Балкан, како важен предуслов за долгорочна стабилност, безбедност и просперитет на регионот и на цела Европа, вели Мисајловски.


Post Views: 29

Извор : vesnik-ilinden.com

Мисајловски на средба со Холовнија: Поддршка на Полска за европската интеграција на земјите од Западен Балкан