Адријана Лима гордо истакнува дека нејзините ќерки сонуваат за кариера во моделството и глумата, инспирирани од нејзиниот успех
Адријана Лима блесна пред неколку дена на годинешната ревија на брендот „Victoria’s Secret“, на 45-годишна возраст. Нејзиното појавување на гала-настанот во Лос Анџелес во живо го следеа и нејзините ќерки Сиена и Валентина Лима Јариќ, како и нејзината поќерка Миа Лемер.
Адријана Лима воодушеви милиони луѓе, но сигурно најважно ѝ било мислењето на нејзините ќерки, со кои позираше пред ревијата. Седумнаесетгодишната Валентина и 14-годишната Сиена се појавија во модерни модни комбинации, а поддршка на славната бразилска манекенка ѝ даде и Миа Лемер, ќерката на нејзиниот партнер Андре Лемер.
Да потсетиме, Лима во декември 2024 година се омажи за филмскиот продуцент, со кого го има четиригодишниот син Сајан. Тоа е нејзин втор брак, во кој стапи осум години по официјалниот развод од Марко Јариќ.
Со познатиот кошаркар се венча на Денот на вљубените во 2009 година, но двојката се раздели во 2014 година. Поранешните сопружници останаа во пријателски односи и заедно ги воспитуваат ќерките Сиена и Валентина.
Бидејќи Андре Лемер од претходниот брак има син по име Луп, семејството на Лима сега брои пет деца. Сите живеат заедно во Мајами, што славната манекенка гордо го истакнува.
И додека Адријана Лима е меѓу најпознатите манекенки во светот, судејќи според коментарите на профилот на „Victoria’s Secret PINK“ на Инстаграм, нејзините наследнички би можеле да бидат новата генерација светски модели, па дури и да ја надминат славата на својата мајка.
Поврзани објави
Многумина со воодушевување ја коментираат фотографијата на „модната кралица Адријана Лима“ со нејзините ќерки, со кои во април годинава ја сними кампањата „Како мама“ за „Victoria’s Secret“.
„Беше како сон и се чувствувам исполнето како мајка“, изјави тогаш Адријана Лима за магазинот People, откривајќи дека двете нејзини ќерки сонуваат еден ден да изградат успешни кариери – едната сака да стане актерка, а другата модел.
„Можноста јас и тие да бидеме заедно на фотосесија беше навистина магична. Тоа беше многу посебен момент, особено затоа што се случи за Денот на мајката. Тоа е ден што никогаш нема да го заборавам, а мислам дека ни тие нема да го заборават до крајот на животот. Тоа беше нивното прво професионално фотографирање“, раскажа манекенката.
Лима зборуваше и за иднината на своите ќерки:
„Секогаш им велам дека ќе ги поддржувам во сè што ги прави среќни. Ја познавам модната индустрија, знам како функционира и се чувствувам сигурно кога станува збор за нив. Ако не се предомислат, можно е еден ден да работат заедно. Сè додека сакаат да бидат дел од модната индустрија, ќе ја имаат нашата поддршка. А ако одлучат да го променат мислењето и да се посветат на нешто друго, и тоа е сосема во ред.“
Иако ќерките на Лима имаат манекенски амбиции, славната мајка за People откри дека не им давала никакви насоки за позирањето за кампањата. Наместо тоа, ги оставила да го прават она што им доаѓа природно. Со насмевка се пошегувала дека тие дури и не ја прашале за совет.
ФОТО: ИНСТАГРАМ