Фото: Собрание на Албанија
Студентските протести во Тирана предизвикаа тензии и во албанскиот парламент. На 22 октомври, опозициските пратеници ја блокираа говорницата, покажуваа фотографии од повредени демонстранти и физички се судрија со претставници на владејачката Социјалистичка партија, барајќи дебата за полициското постапување.
Протестите започнаа на 13 октомври поради незадоволството од условите во образованието и високите трошоци за студирање, а подоцна прераснаа во пошироко движење против владата на премиерот Еди Рама.
Рама ги осуди насилствата и одби да поднесе оставка, додека опозицијата ја обвини власта за прекумерна употреба на сила. Студентите продолжуваат со демонстрациите, барајќи подобри услови за образование и поголема одговорност од институциите.
Post Views: 46
Извор : vesnik-ilinden.com
Албанија: Во Собрание, физички пресметки, искршени микрофони и блокирана говорниц