Почетна МакедонијаПридружете ни се во клучната борба за нашиот опстанок – Придружете се уште денес кон Македонскиот Фонд за Човекови Права

Придружете ни се во клучната борба за нашиот опстанок – Придружете се уште денес кон Македонскиот Фонд за Човекови Права

од nenad
3 минути читај за

Нападите што имаат за цел да нè уништат не престануваат. Борбата за нашиот опстанок – за тоа што отсекогаш сме биле – Македонци – не била на толку критично ниво во поновата историја.

Принудната промена на името на Македонија и преговорите со Бугарија водат кон губење на нашето име, идентитет, култура, историја и јазик. Се шири кршењето на човековите права на Македонците, како во деловите на распарчената Македонија, така и ширум светот.

Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права (ММДЧП) ја предводи борбата за одбрана на Македонија и Македонците уште од своето основање пред 40 години. Придружете ни се сега.

100% од вашата донација оди директно за клучни проекти поврзани со човековите права. Погледнете ја листата на наши иницијативи подолу. За разлика од огромното мнозинство (веројатно сите) други непрофитни и хуманитарни организации, сите наши административни трошоци ги покриваат членовите на Управниот одбор – така што целата сума од вашата донација завршува точно таму каде што е најпотребна.

Станете член на Македонскиот Фонд за Човекови Права. Донирајте 10 долари месечно, еден долар дневно, одберете едно од нивоата на спонзорство наведени подолу, или пак донирајте износ согласно вашите можности. Знајте дека со тоа ќе дадете значаен придонес во борбата за нашата македонска кауза.

Без разлика дали донирате како поединец, организација или преку вашата компанија, можете да изберете дали вашата донација ќе биде јавно признаена (или ќе останете анонимни). Вашето име може да биде истакнато во нашите рекламни материјали, промоции, соопштенија за јавноста, настани, публикации, на нашата интернет страница, на социјалните мрежи, во печатените материјали и во кампањите што ги водиме преку електронска пошта. Компаниите ќе добијат потврда за целосниот износ на нивното спонзорство, која може да се користи за даночни одбитоци.

Нивоа на спонзорство (за поединци, организации и компании)

Бронзено: 500 долари
Сребрено: 1.000 долари
Златно: 5.000 долари
Платинесто: 10.000 долари

Донирајте на mhrmi.org/donations, e-transfer info@mhrmi.org, испратете чек на адресата подолу или јавете ни се на 1-416-850-7125.

Придружете се кон борбата за нашиот опстанок. Нашето име е Македонија. Ние сме Македонци. Сега е нашето време.

Нашите активности вклучуваат:

  • Клучната кампања Нашето име е Македоија, со која се бара враќање на името на Македонија и укинување на сите антимакедонски договори;
  • Финансирање и отворање училишта и одделенија на македонски јазик низ Балканот, вклучително и Центарот за македонски јазик во Грција, и негово успешно бранење од повеќе тужби против него од страна на грчките националисти;
  • Меѓународни тужби насочени кон обезбедување и заштита на човековите права за Македонците, вклучително и ослободување на политичките затвореници и враќање на името на Македонија, со над десетина победи пред Европскиот суд за човекови права;
  • Финансирање на македонски културни фестивали, комеморации, протести и митинзи низ целата распарчена Македонија со цел да се залагаме за нашето македонско име, идентитет и човекови права;
  • Лобирање и средби со меѓународни шефови на држави, министри за надворешни работи, дипломати, политички партии и организации за човекови права, обезбедувајќи огромен подем на поддршката за Македонците;
  • Присуство и учество на конференции на Обединетите нации, европски и други меѓународни организации за човекови права, каде драматично ја зголемивме свеста за страдањата на Македонците;
  • Финансирање на канцеларии за човекови права и културни центри за Македонците во Егејска и Пиринска Македонија, Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, што резултираше со огромен пораст на локалните иницијативи и барања за обезбедување човекови права;
  • Финансирање на успешни изборни кампањи за Македонците во Албанија, Грција, Бугарија, Србија и Косово со цел повеќе да се застапуваат за македонските човекови права, вклучително со изборот на првиот Македонец во албанскиот парламент;
  • Поддршка за македонските активисти за човекови права и политичките затвореници кои се гонети поради застапување за македонските права;
  • Финансирање на медиуми, вклучително и телевизиски и радио станици и програми, весници, книги и публикации за Македонците низ поделената Македонија, на кои им е забранет пристапот до медиумите само затоа што се Македонци.

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, instagram.com/MacedonianHumanRights #НашетоИмеЕМакедонија


Post Views: 98