Почетна ЕкономијаИнтерпромет со помала загуба во првите девет месеци од годината

Интерпромет со помала загуба во првите девет месеци од годината

од nenad
1 минути читај за

„Интерпромет“ АД Тетово ја завршил првите девет месеци од годинава со загуба од 5,631 милиони денари, што претставува подобрување во однос на истиот период лани, кога негативниот финансиски резултат изнесувал 6,330 милиони денари, објави Друштвото преку Македонската берза.

Намалувањето на загубата, како што посочува компанијата, се должи на пониските трошоци за одржување на објектите што ги издава под закуп.

Приходите на „Интерпромет“ во анализираниот период достигнале 3,227 милиони денари, наспроти 4,485 милиони денари во првите девет месеци од претходната година. Тоа е намалување за 1,258 милиони денари.

Истовремено, компанијата ги намалила и расходите, кои изнесувале 8,858 милиони денари, што е за 1,988 милиони денари помалку во споредба со истиот период лани.