Почетна ЕкономијаПретседателката Сиљановска денес во Будимпешта ќе присуствува на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 година.

Претседателката Сиљановска денес во Будимпешта ќе присуствува на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 година.

од nenad
1 минути читај за

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денес во Будимпешта ќе присуствува на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 година.

Во рамките на меѓународната програма ќе се одржи свечена седница на Националното собрание на Унгарија, како и централен комеморативен собир на плоштадот „Лајош Кошут“.

Сиљановска-Давкова ќе присуствува на работниот ручек којшто за шефовите на делегациите ќе го приреди претседателот на Унгарија, Андраш Бака.

По повод одбележувањето на 70-годишнината ќе се одржи гала-свеченост во Унгарската државна опера. Комеморацијата ќе заврши со прием во Музејот на ликовните уметности на плоштадот „Херои“, чијшто домаќин ќе биде премиерот на Унгарија, Петер Маѓар.

За време на посетата на Унгарија, претседателката ќе оствари средба со претставници на македонската дијаспора.