Од 29 до 31 октомври, во Т Арената – С.Ц. „Борис Трајковски“, посетителите на РЕАЛ ЕКСПО 2026 ќе можат директно да се информираат за станови и деловни простори во Македонија, Грција, Албанија и Словенија, како и за новите енергетски трендови и технологии претставени на ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026.
Од 29 до 31 октомври, Т Арената – С.Ц. „Борис Трајковски“ во Скопје ќе биде место каде посетителите за само три дена ќе можат да откријат нови идеи, да споредат понуди за станови, директно да разговараат со компаниите и да пронајдат конкретни можности за купување, инвестирање, соработка или развој. Годинава, Саемот за енергетика и технологија ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 и Саемот за недвижности РЕАЛ ЕКСПО 2026 ќе се одржат заедно, обединувајќи ги најновите трендови во индустријата, технологијата, енергетиката, градежништвото и недвижностите.
За посетителите, двата саема се можност на едно место да добијат информации за кои вообичаено би биле потребни повеќе време, состаноци и пребарување. Наместо одвоени средби и долги споредби, тие ќе можат директно да се запознаат со понудите, да постават прашања, да добијат совети од претставниците на компаниите и да стекнат појасна слика за актуелната состојба на пазарот.
РЕАЛ ЕКСПО 2026 ќе биде особено интересен за оние што размислуваат за купување стан, бараат нов дом, планираат инвестиција или сакаат навреме да ги споредат можностите на пазарот. На едно место ќе биде претставена широка понуда на станови од повеќе компании, со проекти во земјава и атрактивни понуди во Грција, Албанија и Словенија. Посетителите ќе можат директно да разговараат со претставници на компаниите, да добијат детални информации за локациите, условите и роковите и полесно да ги споредат опциите пред да донесат одлука.
Меѓу компаниите што ќе учествуваат е и Golden Art, од каде истакнуваат: „Овој настан е одлична можност директно да се сретнеме со сегашните и идните клиенти, да ги претставиме актуелните и идните проекти и одблиску да ги слушнеме нивните потреби и очекувања при изборот на нов дом или деловен простор. Личниот контакт е важен дел од процесот на избор на недвижност, особено кога станува збор за една од најзначајните животни одлуки – изборот на сопствен дом. Очекуваме квалитетни средби, нови контакти и голем интерес за проектите на Golden Art. Во изминатите години континуирано создававме современи станбени и деловни простори, со посебно внимание на квалитетот на изведбата, функционалноста, современите архитектонски решенија и потребите на луѓето што ќе живеат и работат во нив. РЕАЛ ЕКСПО 2026 е уште една можност да ја зајакнеме довербата со клиентите, да воспоставиме нови партнерства и да ги претставиме проектите што се дел од понатамошниот развој на Golden Art.“
Меѓу изложувачите повторно ќе биде и Еуро Билдинг 2012 ДООЕЛ Охрид, компанија со речиси 15 години искуство во градежниот сектор и реализирани современи станбени и деловни проекти во Охрид и Скопје. По успешното прво учество, компанијата на РЕАЛ ЕКСПО 2026 ќе ги претстави своето портфолио, визија и препознатливи стандарди, со посебен фокус на најновиот проект „Вардар“ во Скопје. Од компанијата велат дека учеството отвора можности за нови деловни контакти и партнерства, како и за директно запознавање на потенцијалните клиенти и инвеститори со нивните проекти, водени од пораката: „Градиме квалитет. Создаваме вредност.“
Паралелно, ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 ќе понуди увид во новите технологии и решенијата за енергетска ефикасност, автоматизација, роботика, ИКТ, машинство и одржливи индустриски практики. Посетителите ќе добијат поширока слика за поврзаноста на технологијата, енергетиката и недвижностите во создавањето подобри услови за живеење, работа и инвестирање.
За компаниите и изложувачите, саемите се можност да се претстават пред публика со реален интерес, да ги промовираат своите проекти и услуги, да остварат B2B средби и да изградат нови партнерства. За посетителите, тоа значи побрз пристап до релевантни информации, поголем избор и директна комуникација со компаниите што стојат зад понудите и решенијата.
ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 и РЕАЛ ЕКСПО 2026 ќе бидат место каде посетителите ќе можат да видат, да прашаат, да споредат и да одберат – директно, практично и на едно место.