Почетна Убавина и здравјеМожете ли да си замислите посовршен есенски десерт од овој? – Убавина и здравје

Можете ли да си замислите посовршен есенски десерт од овој? – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Давор Панчевски приготви крофнички на поинаков начин и ги воодушеви следбениците на социјалните мрежи

Оваа есен пригответе крофни на поинаков начин – во форма на тиква. Меки, полни со крем од ванила и џем од вишна. Нема шанси да изедете само една! Рецептот е на Давор Панчевски кој своите уникатни специјалитети редовно ги споделува на инстаграм-профилот daveskitchenofficial.

Состојки:
  • 500 г брашно
  • 7 г сув квасец
  • 200 мл млако млеко
  • 2 јајца
  • 70 г шеќер
  • 60 г растопен путер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • ½ лажичка сол
  • масло за пржење
  • 500 мл млеко
  • 1 пудинг со вкус на ванила
  • 70 г шеќер
Приготвување:

Замесете тесто и оставете го да стаса 60-90 минути на собна температура. Поделете го тестото на 12 еднакви делови и формирајте топчиња.


Поврзани објави

Со помош на конец врзете го секое топче внимателно за да формирате облик на тиква како на видеото подолу. Оставете да стасаат повторно 20-30 минути и пржете ги во врело масло околу 3-4 минути од секоја страна.

Сварете го пудингот со шеќерот и млекото и оставете да се излади. Наполнете ги крофните со пудингот и џем од вишна и превалкајте ги во шеќер измешан со цимет и ванилин шеќер.

Погледнете го целиот рецепт во видеото во продолжение…

ФОТО: ИНСТАГРАМ