Почетна Убавина и здравјеДара Бубамара поради нарушеното здравје го одложи настапот во Германија

Дара Бубамара поради нарушеното здравје го одложи настапот во Германија

од nenad
1 минути читај за

Српската фолк-пејачка Дара Бубамара била принудена да го одложи закажаниот настап во Штутгарт, Германија, поради неочекувани здравствени проблеми.

Дара почувствувала мачнини што ја спречиле да отпатува во Германија, поради што и се огласила за да им објасни на своите обожаватели.

Таа на социјалните мрежи ја открила причината за откажаниот настап и се извинила.

Дара ги информирала своите следбеници дека настапот е одложен за јануари, бидејќи во моментов не може да излезе на сцената и да пее пред публиката. Како што објаснила, главните пречки за нејзиното пристигнување во Штутгарт биле силната настинка и високата температура.


Поврзани објави

Во таа прилика, таа директно им се обратила на сите што се радувале на нејзиното пристигнување:

– Драги мои, за жал, поради настинка и висока температура, не можам да дојдам во Штутгарт, па го одложуваме настапот за јануари! Ви благодарам за разбирањето, едвај чекам да го надоместам тоа во јануари со незаборавна забава.

Дара ѝ ветила на својата публика вечер за паметење иако ќе се видат дури за неколку месеци.

Пејачката се надева на брзо закрепнување, по што планира да се врати на деловните обврски и настапите пред публиката.

Да потсетиме, Дара неодамна уживаше на одмор на Миконос во друштво на својот помлад избраник, успешен бизнисмен.