Почетна ЕкономијаПОЕВТИНУВААТ ГОРИВАТА ОД УТРЕ: ДИЗЕЛОТ ПОЕВТИНУВА 3 ДЕНАРИ

ПОЕВТИНУВААТ ГОРИВАТА ОД УТРЕ: ДИЗЕЛОТ ПОЕВТИНУВА 3 ДЕНАРИ

од nenad
1 минути читај за

Горивата од утре ќе се продаваат по пониски цени, откако Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе нова одлука. Во просек, малопродажните цени се намалуваат за 1,85 отсто.

Новите цени стапуваат во сила на 6 октомври во 00:01 часот.

Според одлуката, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 98,50 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 100,50 денари. Двата бензина поевтинуваат за 1,50 денар.

Најголемо намалување има кај дизелот. ЕУРОДИЗЕЛ БС од утре ќе чини 97 денари за литар, односно 3 денари помалку од досега.

За 3 денари се намалува и цената на екстра лесното масло, кое ќе се продава за 108,50 денари за литар.

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,285 денари и ќе изнесува 49,597 денари за килограм.

Од РКЕ информираат дека станува збор за максимални малопродажни цени, што значи дека трговците можат да ги продаваат горивата и по пониски цени.

Намалувањето следува по падот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, при што дополнително влијаеле и промените во курсот на денарот во однос на доларот.