Легендарната пејачка поминала низ семејни трагедии, тешки операции и лични кризи, но и покрај сè изградила кариера која остави силна трага во музиката.
Тереза Кесовија беше една од најпознатите пејачки од овие простори, но зад нејзината долгогодишна кариера се криеше живот исполнет со тешки моменти. Родена на 3 октомври, уште на самиот почеток се соочила со трагедија – нејзината мајка починала само два дена по нејзиното раѓање.
Во текот на животот Кесовија доживеала и повеќе семејни загуби. Била во брак со пејачот Миро Унгар, со кого го добила синот Алан, а подоцна се омажила за ватерполистот Роналд Лопатни. Во 1974 година ја потресла веста дека нејзиниот брат загинал во сообраќајна несреќа, а набргу потоа ја загубила и маќеата.
Поврзани објави
Сериозни искушенија ја следеле и на здравствен план. Таа се борела со рак, поради кој ѝ бил отстранет бубрег, а во текот на годините имала и операции на увото и гласните жици. Едно од најтешките сведоштва го оставила зборувајќи за периодот во Париз, кога во 1967 година се обидела да си го одземе животот. Во тоа време нејзиниот син имал само три години.
И покрај сите трагедии, болести и лични кризи, Кесовија продолжила да пее и да настапува, оставајќи зад себе богато музичко наследство. Таа почина во 2026 година, оставајќи спомен на голема регионална музичка кариера и животна приказна во која имало и огромни успеси и тешки битки.
pexels – skrinsot