Почетна Убавина и здравјеLISCA ја претстави LOUNGEWEAR колекцијата со нов моден потпис – Убавина и здравје

LISCA ја претстави LOUNGEWEAR колекцијата со нов моден потпис – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Новата Loungewear колекција на Lisca ги брише границите меѓу облеката за дома и за надвор и отвора ново поглавје за брендот. По повод лансирањето, брендот ја претстави колекцијата на регионалниот настан во Словенија, кој ги обедини гостите и инфлуенсерките од пет различни региони.

Зошто облеката сè уште би ја делеле на онаа за дома и онаа за надвор?

Новата Loungewear колекција на Lisca, претставува современ концепт на облекување кој се приспособува на различните моменти од денот и гиобединува удобноста, женственоста и модниот израз.

Новата колекција ги брише границите меѓу парчињата за спиење, дневната и вечерната облека.

Во преден план се опуштените силуети, мекитематеријали и внимателно одбраните модни детали, кои овозможуваат едно исто парче во текот на денот да добива различни изрази – од спокојно утро дома, преку попладне во градот, па сè до вечерен стајлинг.

 

ОД ДОМА ДО ГРАД

Loungewear станува нов моден потпис на современиот гардеробер.

Колекцијата ја одликуваат цветни и леопардови дезени, префинет вискозен жакард и опуштени кроеви, осмислени за комбинирање од утро до вечер.

Одделните парчиња можат да се носат самостојно или да се комбинираат со долна облека и други елементи од гардеробата, создавајќи комплетен и усогласен изглед.

Токму оваа разноврсност е во сржта на новата приказна на Lisca – од првиот слој до целосниот изглед.

За бавните и опуштени утра, во преден план се удобните и меки парчиња. Во текот на денот, колекцијата овозможува лежерен, но тренди стајлинг, а со неколку внимателно одбрани детали, истиот изглед лесно преминува и во вечерен.

ПОВЕЌЕ ОД ДОЛНА ОБЛЕКА

Со новата колекција, Lisca го продолжува развојот на брендот надвор од традиционалниот сегмент на долната облека и гради поширок моден свет, во кој различните категории сè поприродно се надополнуваат и поврзуваат.


Поврзани објави

Долната облека останува основа на комбинацијата, додека loungewear го дополнува изгледот во целосен стајлинг. Резултатот е гардеробa која не е ограниченaсамо на една пригода или на одреден дел од денот, туку се приспособува на ритамот и начинот на живот на современата жена.

Новата колекција ги задржува клучните елементи на идентитетот на Lisca – женственоста, удобноста, промислениот дизајн и разбирањето на женското тело, но ги поставува во посовремен и поизразен моден контекст.

Помалку правила, повеќе можности. За дома, надвор и за сè помеѓу.

РЕГИОНАЛНО ЛАНСИРАЊЕ ВО СЛОВЕНИЈА

Новата loungewear приказна Lisca ја претстави на 30 септември на регионален настан во Golf Smlednik, кој ги обедини инфлуенсерките, медиумите и гостите од пет региони – Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија (Илариа Кирилов, Алмедина Исмајли, Ангела Ѓоргиева и Александра Шијакоска).

Настанот беше осмислен како претставување на новиот моден свет на Lisca преку различни стајлинзи и интерпретации на колекцијата.

Инфлуенсерките ја претставија новата колекција низ призмата на сопствениот стил, покажувајќи ја клучната идеја на loungewear концептот: едно исто парче, во зависност од начинот на комбинирање и личниот израз, може да изгледа и да се доживее на сосема различен начин.

Настанот беше повеќе од претставување на новата колекција. Тој претставуваше и чекор напред во поврзувањетои градењето на заедничка регионална Lisca приказна на брендот.

ЗА LISCA

Lisca е меѓународно препознатлив словенечки бренд со седумдесетгодишна традиција во дизајнирањето на женска долна облека, костими за капење и облека. Со комбинирање на дизајнерското знаење, квалитетните материјали и разбирањето на потребите на жените, Lisca создава колекции кои ги обединуваат женственоста, удобноста, функционалноста и современиот моден израз.

www.lisca.mk

Текст и фото: ПР