Пејачката Анета Љумаковска без двоумење ѝ помогнала на Алачки пред снимањето, а таа ја сподели случката како пример за колегијалност и емпатија.
Адријана Алачки со години е присутна на македонската телевизиска сцена, каде што ги поврзува музиката, кулинарството и промоцијата на македонската традиција. Позната е по емисиите „Вкусот на традицијата“ и „Везилка“, во кои преку храната, музиката и фолклорот раскажува приказни за македонското наследство.
Но, пред и зад камерите не секогаш сè оди според планот. Пред снимањето на една од неодамнешните емисии, Алачки се соочила со проблем во последен момент – нејзиниот фризер не успеал да стигне навреме, а до почетокот на снимањето останувале само неколку минути.
Тогаш во шминкерницата дошла во помош нејзината гостинка, пејачката Анета Љумаковска. Без многу размислување, таа зела чешел во рака и ѝ помогнала на Алачки да ја среди фризурата пред да влезе во студиото.
Со ретка професионална несебичност и без двоумење зеде чешел во рака и едноставно ми рече: ‘Дај, јас ќе ти помогнам!’ Ете тоа е одлика на вистински колега – природна емпатија“, сподели Алачки, откривајќи мал момент зад камерите кој, како што вели, покажува дека најинтересните ситуации често се случуваат далеку од очите на јавноста.
Screenshot socijalni mrezi