Индустрискиот сектор во август годинава забележал намалување на бројот на работниците во однос на истиот период минатата година. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците е намален за 3 проценти.
Најизразен пад е регистриран во рударството и вадењето камен, каде што бројот на работниците е намален за 8 проценти.
Негативна промена има и во преработувачката индустрија, со намалување од 2,8 проценти. Од друга страна, секторот за снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи раст од 0,7 проценти.
Намалување на бројот на работниците е забележано и кај сите главни индустриски групи.
Најголем пад има кај производството на нетрајни производи за широка потрошувачка, каде што бројот на работниците е намален за 4,4 проценти. Следуваат интермедијарните производи, без енергијата, со пад од 3 проценти.
Кај енергетските и капиталните производи намалувањето изнесува по 2,3 проценти, додека кај трајните производи за широка потрошувачка е регистриран пад од 2,1 процент.
Негативната динамика е присутна и кога се разгледуваат податоците за подолг период. Во првите осум месеци од 2026 година, бројот на работниците во индустријата е намален за 2,8 проценти во споредба со истиот период од 2025 година.