Почетна Убавина и здравјеОд рок-бар во Скопје до семејниот живот во Чикаго, вака го трошат слободното време (ФОТО) – Убавина и здравје

Од рок-бар во Скопје до семејниот живот во Чикаго, вака го трошат слободното време (ФОТО) – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Пејачката сподели ретки фотографии со сопругот и синот Лука, кој денес гради свој спортски пат во САД.

Александра Пилева повторно го привлече вниманието со нешто што поретко го споделува со јавноста – фотографии од своето семејство. Пејачката, која повеќе од една деценија живее во Чикаго, објави заеднички моменти со сопругот Зоран Чадиев и нивниот син Лука.

На една од фотографиите Александра позира со Зоран во зеленило, а покрај објавата му упати и кратка, но јасна порака:

You look so good“.

Таа сподели и фотографија од Зоран со Лука, давајќи мал увид во семејната атмосфера далеку од Македонија.

Љубовната и животната приказна на Александра и Зоран започнала во Скопје, каде што пред преселбата во САД имале свој рок-бар. Зоран, пак, на македонската јавност ѝ е познат и како поранешен тренер на женската одбојкарска репрезентација на Македонија. Во 2013 година семејството се преселило во Чикаго, каде што продолжиле да го градат својот живот.

Александра потекнува од Неготино, а музичката публика ја памети по песните „Ангел мој“ и „Нема утеха“, со која победи на „Макфест“ во 2004 година. Беше дел и од музичките проекти на „М2“, а по преселбата во Америка направи и професионален пресврт, па денес работи како агент за недвижности.

Screenshot socijalni mrezi


Поврзани објави

Музиката сепак не ја оставила целосно зад себе. Пилева и понатаму повремено настапува, вклучително и пред македонската публика во САД. Семејните фотографии, пак, ги споделува поретко, особено кога станува збор за сопругот, па токму затоа новите објави привлекоа внимание.

Screenshot socijalni mrezi

Во центарот на нивниот семеен живот денес е и Лука, кој е роден во 2011 година и сериозно се занимава со тенис. Неговите родители неодамна се пофалија и со негов успех – Лука го освоил првото место на петтото ниво на турнирот „Glenview End of Summer“ во САД.

Лука е шампион на петтото ниво. Напорната работа се исплати. Многу сме горди“, напиша Александра по неговиот успех.

Screenshot socijalni mrezi

Од одбојкарските терени и тренерската работа на Зоран, до тенискиот пат на нивниот син, спортот очигледно останува важен дел од семејната приказна на Чадиеви – овојпат во сосема нова средина, илјадници километри од Македонија.

Screenshot socijalni mrezi