Фудбалската репрезентација на Албанија со победа од 2:0 над Белорусија го започна настапот во Лигата на нации. Албанија одиграа сигурен натпревар и заслужено стигнаа до трите бода.
Резултатот го отвори Кристијан Аслани во 34. минута, откако успешно реализираше удар од белата точка. До крајот на првото полувреме Албанија постигна уште еден гол. Ернест Муќи погоди во судиското продолжение за предност од 2:0.
Во второто полувреме Албанија ја контролираше играта и не ѝ дозволи на Белорусија да се врати во натпреварот. Со сигурна игра во одбраната, албанската селекција ја зачува предноста до последниот свиреж.
Албанија така стартуваше со три бода и чиста мрежа, додека Белорусија остана без бодови.
Post Views: 114