Почетна Убавина и здравјеПоранешната пејачка денес гради сосема поинаква кариера (ВИДЕО) – Убавина и здравје

Поранешната пејачка денес гради сосема поинаква кариера (ВИДЕО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Пејачката, која веќе неколку години живее во Холандија, доби меѓународна награда, а денес професионално се занимава со комуникација и развој на лидерски вештини.

Верица Пандиловска-Гичева повторно се најде во центарот на вниманието, но овојпат не поради музиката. Поранешната македонска пејачка во Италија ја доби меѓународната награда „Торе Нормана ди Рокамонфина“, признание кое се доделува за професионални достигнувања, посветеност и придонес.

Пандиловска сподели фотографии од свеченоста на кои позира со наградата пред историската кула во Рокамонфина. Во објавата ја опиша честа како значаен момент и порача дека признанието за неа претставува потврда на посветеноста и професионалниот развој.

Денес во фокусот на нејзината кариера е F8 Training Center, чиј основач е токму таа. Преку центарот работи со луѓе и компании на професионална комуникација, јавен настап, говор на тело, деловна комуникација, преговарање, лидерски вештини и градење самодоверба. Обуките се достапни индивидуално и корпоративно, во живо и онлајн.

Пандиловска е магистер по организациски науки, а има професионално искуство и во човечки ресурси. Со сопругот Ѕвонко Гичев веќе неколку години живее во Холандија, каде што го изгради новото професионално поглавје.


Поврзани објави

Македонската публика, сепак, ја памети по музичката кариера. Таа настапуваше на домашни фестивали, сними песни и видеоспотови, а особено беше препознатлива по „Кучкин син“. Во музичкиот период соработуваше и со музичарот и продуцент Тоше Поп-Симонов.

Иако денес не е редовно присутна на естрадата, музиката не ја оставила целосно. Во ноември 2024 година допатува во Скопје за да биде гостинка на јубилејниот хуманитарен концерт на „Рингтонс“, каде повторно ја испеа „Кучкин син“. Посебно ја израдува фактот што младите музичари во својот репертоар ги имаат и нејзините песни.

Screenshot youtube