Почетна Убавина и здравјеЈа споредија со Јосипа Лисац, а доби и важна улога (ФОТО) – Убавина и здравје

Ја споредија со Јосипа Лисац, а доби и важна улога (ФОТО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Младата пејачка од Кавадарци повторно се појави на големата сцена и со својот необичен кабаретски стил го освои жирито, обезбедувајќи директен пласман во вториот круг.

Милица Ризо Трајков повторно застана на сцената на „Ѕвездите на Гранд“, но овојпат остави впечаток со настап кој се издвојуваше од вообичаеното. Младата пејачка од Кавадарци доби максимални шест гласа „ДА“ и продолжи директно во вториот круг.

Уште при нејзиното појавување, вниманието го привлече авангардниот и кабаретскиот стил. Настапот предизвика низа позитивни реакции од жирито, кое ја пофали не само за вокалните способности, туку и за сценскиот перформанс и специфичниот пристап.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд

Сања Вучиќ го истакна необичниот сценски момент и енергијата што Милица ја донела уште при слегувањето по скалите, додека Цеца Ражнатовиќ ја опиша како поинаква и своја, посочувајќи ги мешавината на жанрови, поп, џез и етно елементи.


Поврзани објави

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд

Особено интересна беше реакцијата на Дара Бубамара, која поради изгледот на Милица и капата што ја носела ја потсетила на Јосипа Лисац. Александар Милиќ Мили и Кеба, пак, го пофалија нејзиниот кабаретски пристап и уживањето што го покажала на сцената.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд

По настапот и позитивните оценки, Милица доби и нова задача во натпреварувањето. Продукцијата одлучи нејзин ментор во овој круг да биде Ѓорѓе Давид, со кого ќе продолжи да се подготвува за следните предизвици.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд