Во текот на последниот викенд од октомври, часовниците повторно ќе преминат на зимско сметање на времето.
Промената годинава ќе се изврши на 25 октомври, кога во 3 часот по полноќ стрелките ќе се поместат еден час наназад, од 3:00 на 2:00 часот.
Тоа значи дека таа ноќ ќе добиеме еден час повеќе, а утрата ќе започнуваат со повеќе дневна светлина. Со враќањето на стрелките, започнува периодот на зимското сметање на времето.
Според важечкиот распоред, во 2027 година летното сметање на времето ќе започне на 28 март, кога часовниците повторно ќе се поместат еден час нанапред. Следната промена на зимско време е предвидена за 31 октомври 2027 година.
Иако со години се разговара за укинување на сезонското поместување на часовниците, во Европската унија сè уште нема конечен договор за негово прекинување.
Европскиот парламент во 2019 година поддржа предлог за прекин на промената на часовникот двапати годишно. Сепак, земјите-членки не постигнаа договор за тоа дали треба трајно да се задржи летното или зимското сметање на времето, па промената продолжи да се применува.
Затоа, иако календарите однапред го содржат распоредот за следните години, тоа не значи дека сезонското поместување на часовникот сигурно ќе продолжи до тој период. Доколку биде донесена нова одлука, правилата може да бидат изменети.
Според актуелното правило, летното сметање на времето започнува последниот викенд од март. Тогаш во 2 часот по полноќ стрелките се поместуваат на 3 часот.
Зимското сметање на времето започнува последниот викенд од октомври, кога во 3 часот стрелките се враќаат на 2 часот.
Следната промена затоа е закажана за 25 октомври 2026 година, кога часовниците треба да се вратат еден час назад.