Почетна Убавина и здравјеИвона Јо расплака со својата тетоважа“. – Убавина и здравје

Ивона Јо расплака со својата тетоважа“. – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Македонската пејачка Ивона Јо во 2025 година се соочи со една од најтешките загуби во животот – ненадејната смрт на нејзиниот татко.

Оттогаш, таа во неколку наврати отворено зборуваше за болката, тагата и тешкото помирување со неговото отсуство. Сега, една година подоцна, Ивона направи нешто што долго време го носела во себе – тетоважа посветена на својот татко.

Пејачката откри дека дури сега почувствувала дека е подготвена за овој емотивен чекор, а моментот го сподели со своите следбеници на социјалните мрежи.


Поврзани објави

„Конечно се почувствував спремна да го направам чекорот кој година дена тлее во мене. Тетоважа за него. За неговото присуство. За едно детство. За една љубов таткова“, напиша Ивона.

Во емотивната објава, таа се потсети и на реакцијата на својот татко на нејзините претходни тетоважи.

„Ќале мој, колку многу не дозволуваше да се тетовирам. После третата тетоважа дигна раце од мене и не се бунеше за ништо веќе. Ова е за тебе татко мој. Вечно впишан на мене и во мене“, напиша пејачката.

Со овој личен и траен симбол, Ивона одлучи засекогаш да го зачува споменот на својот татко – човекот со кого ја поврзувала посебна љубов и силна емотивна врска.