Почетна Убавина и здравјеМакедонката од Гостивар продолжува понатаму, еве кој ѝ стана ментор (ВИДЕО) – Убавина и здравје

Македонката од Гостивар продолжува понатаму, еве кој ѝ стана ментор (ВИДЕО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Со сигурен настап и впечатлив вокал, младата пејачка освои шест од седум можни гласа и си обезбеди место во следната фаза од натпреварувањето.

Македонската пејачка Тамара Волческа од Гостивар имаше настап за паметење во „Ѕвездите на Гранд“. Нејзиниот вокал и сигурното сценско присуство ѝ донесоа дури шест гласа од жирито, со што без проблем обезбеди пласман во следната фаза.

Единствениот член на жирито кој не ѝ даде глас беше Кеба. Останатите, пак, имаа пофални зборови за нејзината изведба, а особено беше забележана бојата на нејзиниот глас. Дара Бубамара токму овој детаљ го издвои како нешто што ѝ оставило впечаток.

Ти верувавме во сè што испеа“, беше еден од коментарите што Тамара ги доби по настапот.


Поврзани објави

Пејачката, пак, откри дека веќе четири години активно се занимава со музика, а искуството стекнато досега на македонската сцена го покажа и пред регионалното жири.

Со шест освоени гласа, Тамара продолжува во натпреварувањето, а во следната фаза ќе работи со познат музичар и продуцент – Александар Милиќ – Мили. Токму под негово менторство ќе се подготвува за новите предизвици на сцената на „Ѕвездите на Гранд“.

printskrin youtube