Почетна ЕкономијаРаде Силјан го иницираше изданието на Минас: Преполна „Матица македонска“ на промоцијата

Раде Силјан го иницираше изданието на Минас: Преполна „Матица македонска“ на промоцијата

од nenad
1 минути читај за

По иницијатива на Раде Силјан, поезијата на Сотирис Минас доби двојазично издание во Македонија. Денес, основачот на „Матица македонска“ ја отвори промоцијата на „Раскинување на договорот“ пред преполна книжарница и публика собрана и надвор. Грчкиот поет ги објавува своите песни и на македонски, во сопствен препев.

Силјан е главен уредник на изданието и главниот двигател на проектот. Со неговата издавачка заложба, првата поетска збирка на Минас стигна до читателите во Македонија со грчките оригинали и македонските препеви на самиот автор.

Значењето на таа одлука го објаснува самиот Минас во авторската белешка: „Мојата одлука да ја објавам оваа збирка во Македонија, преку издавачката куќа Матица македонска, е свесен чин на правда.“

Авторот го определува присуството на двата јазика како практично признавање на македонскиот идентитет. „Тоа е чин на солидарност што ги урива границите и бара заемна почит“, пишува тој.

Книгата ги поврзува правото на сопствен јазик и личната борба против стравот и замолчувањето. Во неа, Минас пишува за љубовта, ранливоста и потребата човек да престане да живее според туѓи забрани.

За „Раскинување на договорот“ на промоцијата говори Иван Антоновски, по што ќе се обрати и Минас. Писатели, професори, уметници, студенти и читатели од различни генерации ја исполнија книжарницата на „Матица македонска“ во Скопје.