Пејачот сподели кадри од манастирот каде, како што вели, го пронаоѓа својот духовен мир.
Спасен Сиљаноски деновиве повторно го замени градскиот метеж со мирот на Кичевско. Фолк-пејачот го посети манастирот „Света Богородица Пречиста“ и сподели неколку моменти со своите следбеници.
За Спасен, ова место има посебно значење. Тој претходно открил дека кога сака да се изолира од стресот и секојдневната „урбана џунгла“, се враќа во родниот крај и оди во манастирот на молитва.
Поврзани објави
На една од фотографиите е со својот стрико, братот на неговиот покоен татко, а следбениците веднаш забележаа колку личат еден на друг.
Посетата доаѓа неколку месеци по смртта на неговиот татко, со кого Спасен бил исклучително близок. Токму затоа, мирот што го наоѓа во родниот крај и во манастирите за него денес има уште поголемо значење.
Screenshot youtube