Познатата водителка ги користи последните топли денови за одмор, а фотографиите од Грција повторно привлекоа внимание.
Лила Филиповска летото го продолжи во Грција, од каде сподели низа фотографии и моменти од својот одмор. На плажа позира во розов едноделен костим за капење, со сламен шешир, а друштво ѝ прави и голем фламинго.
На друга фотографија таа е во син дводелен костим, надополнет со марама и големи очила за сонце. Со својот летен стајлинг и расположение, Лила покажа дека ужива во секој момент покрај морето.
Поврзани објави
И вторник е убав кога си на море“, напиша водителката покрај една од фотографиите, додека друга објава ја придружи со порака дека некои лета не завршуваат, туку остануваат како спомени.
Филиповска сподели и романтично видео од зајдисонце со порака за трагата што ја оставаме зад себе. Нејзините објави уште еднаш покажаа колку ужива во патувањата и летните денови.
Screenshot INSTAGRAM