Почетна ЕкономијаЕУРОПРОФИЛ оствари приходи од 43,4 милиони денари во 2025 година

ЕУРОПРОФИЛ оствари приходи од 43,4 милиони денари во 2025 година

од nenad
1 минути читај за

ЕУРОПРОФИЛ АД во текот на 2025 година остварил вкупни приходи од 43.385.764 денари, покажуваат финансиските податоци објавени од компанијата согласно Законот за хартии од вредност.

Компанијата ја завршила финансиската година со добивка пред оданочување од 835.034 денари. По пресметаниот данок на добивка и непризнаените трошоци во износ од 368.990 денари, нето добивката изнесува 466.044 денари.

За 2025 година не е предвидена исплата на дивиденда по акција.

Значајна промена во сопственичката структура

Во објавените податоци се наведува и промена во сопственичката структура на ЕУРОПРОФИЛ АД.

Од вкупно 70.000 акции, Друштвото за производство, промет и услуги „ЛАМИНАТИ КОМ“ ДОО Прилеп поседува 58.921 акција.

Компанијата истовремено информира дека има промена и во органите на управување и раководење.

Од друга страна, нема статусни промени во друштвото, нема нова емисија на хартии од вредност, ниту други промени во работењето за кои се оценува дека значајно би влијаеле врз цената на хартиите од вредност.

Податоците се објавени во согласност со член 166-б од Законот за хартии од вредност.