Познатата манекенка ја довела линијата до совршенство
Познатата бразилска манекенка Адријана Лима неодамна го посетила луксузниот козметички салон New Lounge на Беверли Хилс, каде со задоволство позирала со вработените. Тие се пофалиле со својата славна клиентка на Инстаграм, а серијата фотографии открива како изгледа модната ѕвезда во опуштено издание, но и колку навистина ослабела по третата бременост.
Адријана Лима, која на 12 јуни наполни 45 години, во салонот пристигнала во спортско издание, во кое доминирала црната боја, а хеланките ги истакнале нејзините исклучително вити нозе.
Лима, која на 29 август 2022 година го роди синот Сајан, по третата бременост се соочила со значителен вишок килограми. Таа немала намера експресно да ја врати старата тежина, но поради изгледот, за жал, беше изложена на бројни критики, па дури и потсмев.
Познатата манекенка повеќепати има истакнато дека е горда на своето „мајчинско тело“, кое донело нов живот на свет. Во интервју за магазинот People отворено зборуваше за тоа колку тешко ја поднела третата бременост и колку промените во текот на бременоста се одразиле на нејзиниот изглед.
Сепак, чекор по чекор, познатата Бразилка успеа да ја врати тежината што ја имаше пред породувањето, а потоа и дополнително да ослабе.
Адријана Лима по третата бременост успеала да ослаби 20 килограми. Сега се чини дека бројката е уште поголема, бидејќи манекенката од едно до друго појавување изгледа сè послабо и послабо. Неодамна била забележана во друштво на својата ќерка Валентина Лима Јариќ, кога ја покажала исклучително витата става.
Поврзани објави
Колку чини маникирот што го избрала Адријана Лима?
На Инстаграм може да се види и каков маникир избрала Адријана Лима. Станува збор за класична црвена нијанса, која изгледа особено елегантно.
Салонот во кој манекенката решила да се разубави е специјализиран за нега и разубавување на трепките, нега на ноктите и за холистички велнес. Се наоѓа во познатиот трговски центар Rodeo Collection, во срцето на Беверли Хилс, Лос Анџелес.
Цените за маникир се движат од 41 до 110 евра, колку што чини третманот со јапонски техники. На цената дополнително се додава и задолжителен бакшиш за персоналот, кој изнесува од 15 до 20 отсто од вредноста на услугата.
Лима неодамна се вратила и на својата природна боја на косата, што очигледно ѝ се допаѓа и на нејзината ќерка Валентина. Таа неодамна на ТикТок објавила фотографија од својата мајка токму со оваа боја на косата, направена пред неколку децении.
ФОТО: ИНСТАГРАМ