Почетна Убавина и здравје(Фото) Лепа Брена прошета по улиците на Мостар без грам шминка и со очила за вид

(Фото) Лепа Брена прошета по улиците на Мостар без грам шминка и со очила за вид

од nenad
1 минути читај за



Скокот на Лепа Брена од мостот во Мостар во филмот „Ајде да се сакаме“ се памети и ден-денес, а 39 години подоцна пејачката се врати „на местото на настанот“.

Пред нејзиниот настап во Мостар, таа го посети Стари мост каде што позираше во лежерна облека.

За вечерната прошетка, Брена избра светложолт фустан со ремен околу половината и шлиц до колкот. На главата носеше шапка во иста боја, а лицето без трага од шминка го покри со ефектни очила за вид.

 

Во ова издание малкумина би ја препознале, а широката насмевка на нејзиното лице беше потврда дека ова место ѝ буди прекрасни спомени.

„Мостар“, напиша кратко пејачката со емотикон во форма на жолто срце и доби неколку комплименти во коментарите.