Почетна ЕкономијаЕвропа под притисок: Жештините ја намалуваат економската активност, гасот поскапува

Европа под притисок: Жештините ја намалуваат економската активност, гасот поскапува

од nenad
1 минути читај за

Екстремно топлото лето може да ѝ нанесе сериозен удар на европската економија. Според проценките на холандската банка „Триодос“, штетите би можеле да достигнат 180 милијарди евра, односно околу 1 процент од БДП на ЕУ.

Високите температури веќе влијаат врз земјоделството, енергетиката и транспортот, додека ниското ниво на водата во големите европски реки го отежнува превозот на стоки.

Особено погодена е Германија, каде што водостојот на Рајна значително опадна. Економистите проценуваат дека тоа би можело да го намали растот на германската економија за околу 0,3 процентни поени.

Во исто време, Европа се соочува со раст на цените на природниот гас и ризик од нов енергетски притисок во текот на зимата. Референтната цена на гасот достигна околу 61 евро за мегават-час, речиси двојно повеќе од истиот период минатата година.

Дополнителна неизвесност создаваат геополитичките тензии и ограничената достапност на течен природен гас. Аналитичарите предупредуваат дека силната побарувачка во Азија може дополнително да ја намали понудата за европскиот пазар.

Европската економија така се соочува со двоен притисок – штетите од екстремните горештини и зголемените трошоци за енергија, што може дополнително да го забави растот.