19
Лесно се приготвува овој вкусен ручек и совршен е за лето
Ручекот од тавче, готов за 20 минути, е совршена опција за секоја зафатена жена.
Состојки:
- 100 мл масло
- 3 домати
- 1 луто пиперче
- 1 црвена пиперка
- 2 чешниња лук
- зачини: сол, бибер, црвен пипер
- 100 г рендан кашкавал
- магдонос
- околу 250 г макарони
Приготвување:
1. Во подлабоко тавче ставете масло, па додајте домати исечкани на половини, како и пиперка и лук.
Поврзани објави
2. Поклопете и оставете да се пржи.
3. Тргнете го капакот, па отстранете ги лушпите од зеленчукот.
4. Со виљушка згмечете ја смесата, па додајте зачини.
5. Сето тоа измешајте го и додајте магдонос и кашкавал.
6. Ставете сварени макарони во смесата, измешајте и послужете.
ФОТО: Orkun Orcan / Unsplash