Почетна Убавина и здравјеЕве како да ги вратите во живот оштетените билки по силен ветер, дожд и невреме: Проверен трик на искусните градинари

Еве како да ги вратите во живот оштетените билки по силен ветер, дожд и невреме: Проверен трик на искусните градинари

од nenad
2 минути читај за

Како да ги негувате билките по наглото заладување, ветерот и дождот што паѓаше неколку дена

Билките се чувствителни на нагли промени, но со првите сончеви денови ќе почнат да закрепнуваат, а вие можете да им помогнете во тоа до некаде.

Неколку важни чекори кои ќе им помогнат на вашите билки повторно да оживеат и да го продолжат здравиот раст

Првата реакција на многу градинари е веднаш да почнат со кастрење или отстранување на билките што изгледаат оштетено. Сепак, обидете се да почекате неколку дена. На билките им треба време да се приспособат на наглите промени во температурата и влагата, а често знаат да изненадат со својата отпорност.

Обрнете внимание на дренажата

Вишокот вода може да биде серозен проблем за корените на билките. Важно е земјата да има добра дренажа и постепено да почне да се суши. Ако водата долго се задржи во земјиштето, може да дојде до скапување на коренот и развој на болести.

Нахранете ги билките по дождот


Поврзани објави

Кога земјиштето ќе се исуши, тогаш е вистинското време да им ги вратите хранливите материи на билките. Обилните врнежи честопати ги измиваат важните минерали од земјата, па дополнителната прихрана е клучна за да закрепнат и да продолжат да растат.

Користете органски ѓубрива, компост или природни препарати богати со азот и калиум, за да го поттикнете развојот на нови листови и зајакнувањето на билките.

Внимателно прегледајте ја секоја билка

Дури кога земјата ќе се исуши, можете реално да ја процените состојбата на билките. Тогаш, најдобро ќе видите кои делови треба да ги отстраните за да го поттикнете новиот раст, а кои билки можеби, сепак, не закрепнале.

Отстранете ги само комплетно сувите или скапаните делови, бидејќи прераното кастрење може дополнително да ја ослаби билката.

Ако билките престанале со цутење по лошото време, не грижете се. Штом добијат неколку топли и сончеви денови со малку прихрана, многу брзо повторно ќе почнат да цутат со полна сила.