Новооткриените својства на кафето може да доведат до нови начини за спречување на губењето на меморијата во старост.
Научниците открија дека кофеинот, кој се содржи во силното кафе, ја менува електричната активност на мозокот. Процесот вклучува една супстанција наречена аденозин што се јавува во особено големи количини кај постарите луѓе. Кога аденозинот се прилепи кон А1 рецепторот, тој ја намалува активноста на невроните и ја намалува силата на гама ритамот.
Научниците утврдиле дека кофеинот спречува приврзување на аденозинот кон А1 рецепторот и на тој начин ги блокира ефектите од овој процес и го зајакнува спектар ритамот.
Некои луѓе не можат да го започнат денот без кафе, други бараат Ред Бул, за да се одржуваат во форма. Засега кофеинот е психоактивна супстанции.
Нашето истражување покажа дека тоа ја зголемува будноста, мозочната активност и го забрзува процесот на апсорбирање на информациите, изјави д-р Мартин Врогденхил од Универзитетот во Бирмингем, кој го оствари истражувањето.
Тој, сепак, предупреди дека премногу кафе на ден може да има штетни за здравјето последици.